ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150.000 потписи за референдум за преговарачката рамка со ЕУ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150.000 потписи за референдум, а од власта велат дека сето тоа е само обична фарса. На Мицкоски му треба хируршки прецизно дефинирано прашање кое нема да задре во прашања за кои Собранието и по закон не смее да распишува референдум.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе почне да собира 150 илјади потписи за да поднесе иницијатива до Собранието за распишување референдум за Преговарачката рамка со ЕУ откако синоќа партијата одлучи да му даде одврзани раце на претседателот Христијан Мицкоски да ги води консултациите со експерти за дефинирање на референдумското прашање.

Тој денеска од Свети Николе, изјави дека прашањето треба да биде дефинирано помеѓу билатералниот спор со протоколот кој што е извор на проблемот, измената на Уставот и усвојувањето на преговарачката рамка.

Сето ова е фарса, вели претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во интервју за ТВ 24. Според него, лидерот на опозицијата Мицкоски и’ асистира на власта во предавствата, а пред народот се преправа дека ја штити Македонија. Референдум на државно ниво распишува Собранието но не секогаш.

Од владејачката СДСМ не отстапуваат од ставот дека партијата нема да поддржи референдум што е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со Европската Унија (ЕУ).

Ако се одржи а за да биде успешен за референдумското прашање ќе треба да гласаат мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале, ако гласале повеќе од половината од запишаните во Избирачкиот список.