ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија се против бришење на нашето историско име


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Граѓаните на Македонија се против бришење на нашето историско име. Тие се против промена на идентитетот, културата, традицијата.

Граѓаните се против покривање на општиот грабеж што го спроведува СДСМ со капитулантски договори. Освен Заев и крими картелот околу него кои од крадење не гледаат што се случува, дури и членовите на СДСМ се против промена на историјата, јазикот, националноста. Тие видоа дека колнењето на Зоран Заев во татковците, дедовците и децата било само за да се одвлече внимание од бруталниот грабеж на државата.

Време е СДСМ да престане да пушта стерилни соопштенија.

Наместо преку бледи соопштенија Заев да ја дефокусира јавноста, нека излезе да ја каже вистината на граѓаните за ова капитулантско дело кое што го потпиша Владата.

Срамота е Заев да се сокрива преку соопштенија со фалични тези за референдумот, со тоа не се покрива срамот од капитулантскиот договор.

Секојдневниот криминал не се брани и покрива со бледи соопштенија.
Власта се злоупотребува и користи за остварување личен профит на поединци.

Државата од мајка стана маќеа за граѓаните.

Ова клемптоманство не смее да продолжи, оваа власт мора да си замине.

Македонија и граѓаните сепак на крај ќе победат!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ