Home Актуелно Власта ќе маршира во Скопје, опозицијата во Штип

Власта ќе маршира во Скопје, опозицијата во Штип

За денеска се најавени два паралелни маршеви. Едниот во Скопје, за поддршка на референдумот за промена на името на Македонија, организиран од власта, а вториот во Штип, организиран од ВМРО ДПМНЕ.

Маршот организиран од Коалицијата за европска Македонија, која заговара промена на името на Македонија и прифаќање на договорот со Грција, започнува во 13.30 пред зградата на Црвениот крст, а ќе заврши пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот, кога започнува официјалната програма пришто ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, актерката и синдикален претставник, Сања Арсовска и новинарот Томислав Кежаровски.

Речиси истовремено, во Штип е најавен протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе започне кај црквата Св. Никола во Штип. На собирот ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…