Владимир Чадиковски и двајца анестезиолози официјално ја напуштија клиниката „Жан Митрев“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вчера и официјално единствениот лиценциран детски кардиохирург во државава, Владими Чадиковски, заедно со уште двајца анестезиолози, ги депонираа своите оставки во клиниката „Жан Митрев“ и ја напуштија истата.

Доктор Владимир Чадиковски официјално го доставил отказот и спогодбено го раскинал договорот со приватната болница на Жан Митрев. Во исто време уште двајца анестезиолози од тимот на Чадиковски си заминуваат од болницата, а по нив најверојатно ќе следи заминување и на другите членови на тимот кои од Клиниката за детска хирургија, преку прокетот за јавно приватно партнерство преминаа во болницата на Жан Митрев.

Останува нејасно како ќе тече проектот понатаму, кој ќе ги оперира бебињата до една година ставајќи го својот потпис на тие операции на срце, кога таму веќе детски кардиохирург веќе нема, а Чадиковски е единствениот лиценциран во државата.

Во Лекарската комора потврдуваат дека само Чадиковски има лиценца за детска кардиохирургија.

„Лекарската комора има издадено 3 типа на лиценци: Едната лиценца е кардиоторакална хирургија како што ја има доктор Салис Таџер, 5 се од областа на кардиохирургија, 11 за кардиоваскуларна хирургија меѓу кои е и лиценцата на доктор Жан Митрев и една лиценца е за детска кардиохирургија со која се здобил доктор Владимир Чадиковски“, изјави за НОВА, доктор Калина Гривчева Старделова, претседателка на Лекарската комора на РСМ.

НОВА ТВ веќе објави дека не постоел ниту договор за јавно приватно партнерство меѓу Министерството за здравство и специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ иако здравствените власти проектот спектакуларно на прес-конференција го најавија во Влада во декември минатата година, а всушност целиот проект се одвивал без официјален документ.