Владата забрани извоз на огревни дрва, пелети, пченица и брашно – укината и царината за масло за јадење до крајот на 2022


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека со владина одлука се забранува извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, а укината е и царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината.

„На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед.

Владата донесе Одлука да се ограничи извозот на:

– пченица и наполица и брашно од пченица и наполица и
– огревно дрво и пелети“, пишува Бектеши.

Тој додава дека, исто така на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.