Advertisements
Актуелно

Владата тврди дека обезбедила 80 пратеници за уставните измени

После низата преговори меѓу владини претставници и претставници на Алијансата за Албанците и БЕСА, и прифаќање на некои од аманманите кои би требало да влезат во промените на Уставот од страна на премиерот Зоран Заев, владини извори тврдат дека се обезбедени 80 пратеници или двотретинско мнозинство, колку што се потребни за промена на Уставот и имплементирање на уставните измени со цел имплементација на Преспанскиот договор.

Според собраниски извори за дел од македонските известувачки агенции и портали, собраниската процедура за уставните промени би требало да финишира до петок.

По попладневната средба Села-Заев, премиерот изјави дека е обезбедена поддршката од Алијансата на Албанците.

Зијадин Села рече дека е задоволен од прифатеното, но конкретно не кажа дека ќе гласа за уставните измени.

„Дали ќе гласаме ќе се знае на чинот на гласањето“, рече Села.

Владини претставници разговараат и со тетовското крило на Движењето Беса на Билал Касами, кои имаат двајца пратеници во Собранието. Амандманите на Беса се слични со тие на Алијансата за Албанците.

Advertisements
To Top