Home Актуелно Владата го усвои предлогот за изградба на нови патарини – еве каде ќе бидат лоцирани

Владата го усвои предлогот за изградба на нови патарини – еве каде ќе бидат лоцирани

По разгледувањето на информацијата за овој предлог, Владата ја усвои одлуката за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на патарината, според кој ќе бидат изградени нови наплатни патарински пунктови.

Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

Дополнително, на предлог на Министерството за финансии, Владата го усвои Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини по должина Коридорот VIII и автопатот Миладиновци – Штип, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…