Владата го усвои буџетот за 2021 година во висина од 4 милијарди евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Санирањето на здравствените и економските последици од ковид кризата ќе бидат примарните предизвици кои ќе бидат во фокус на буџетот за 2021 година што го усвои Владата.

2021 ќе биде година на заздравување на економски план, уверува премиерот Заев. Наредната година од државниот буџет најмногу пари ќе се трошат во здравството и економијата. Државата планира да потроши 4 милијарди евра, а во државната каса да се слеат 3,4 милијарди евра. Ако кризата со пандемијата се продлабочи власта има обезбедено и 50 милиони евра, како буџетска резерва.

374 милиони евра се предвидени за капитални проекти догодина, или за 20% повеќе од првично планираните за оваа. Најмногу ќе се инвестира во здравството, образованието, но и во патната и железничката инфраструктура.

Буџетскиот дефицит пак ќе надмине половина милијарда евра и ќе изнесува 4,9% од БДП. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека задолжувањата ќе продолжат и во наредната година.

Владата предвидува здравствената криза полека да се стабилизира, па економијата догодина да порасне 4,1%.