Виза и Мастеркард му свртеа грб на Фејсбук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските компании Мастеркард и Виза му свртеа грб на Фејсбук, повлекувајќи се од нивнот проект за издавање дигитална валута ,,Либра”, при што потклекнаа и попуштија пред регулаторите од целиот свет , кои предупредуваат на бројни ризици.

Виза и Мастеркард го објавија повлекувањето од Здружението ,,Либра” во петокот вечерта, придружувајќи се на PayPal Holdings, што излезе од овој проект пред нешто повеќе од една недела.

EBay Inc, Stripe Inc и латиноамериканската компанија за обработка на плаќања Меркадо Паго, исто така, ги следеа нивните чекори. Ова значи дека проектот на „Фејсбук“ повеќе не го поддржува ниту една голема финансиска компанија и дека нејзините шанси да прераснат во глобален финансиски играч се минимизираат.

Фејсбук ја објави Либра во јуни, здружувајќи ги силите со 28 партнери, меѓу кои и Mastercard, Visa, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies и Vodafone Group, во Здружение Либра, кое е поставено да управува со новата дигитална валута.

„Виза одлучи дека засега нема да биде дел од Здружението Либра “, се вели во соопштението на компанијата. „Ние ќе продолжиме да го анализираме проектот и нашата конечна одлука ќе зависи од голем број фактори, вклучително и можноста на Здружението Либра да ги исполни целосно сите регулаторни очекувања“, се додадава во соопштението.

Регулаторите се критични за дигиталната валута на Фејсбук, предупредувајќи на ризици по безбедноста на трансакциите и податоците за корисниците. Франција и Германија веќе објавија блокада на Либра во Европа, предлагајќи наместо тоа да се издаде јавна криптовалута управувана од централните банки.

Дополнителен проблем е сузбивањето на конкуренцијата, како и заканата за финансиска стабилност во случај корисниците одеднаш да ја загубат довербата во дигиталната валута.

Во моментов, околу 1,7 милијарди луѓе ширум светот би го поздравиле подобрениот пристап до банкарските и финансиските услуги, според работната група Г7.

Фејсбук и Здружението Либра одбиле да го коментираат извештајот, а портпаролот на Г7 не бил достапен за коментар.

Извештајот ќе биде претставен пред министрите за финансии оваа недела на годишниот собир на ММФ во Њујорк.

Одборот на директори на Здружението Либра треба да го одржи првиот состанок денес во Женева.