Висок украински функционер тврди: Унгарија сакала да земе дел од Украина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Официјална Будимпешта однапред била информирана за рускиот напад врз Украина пред истиот да започне и се надевала дека ќе ја заземе Заткарпатија, западен регион каде живеат 150.000 етнички Унгарци, изјави во понеделникот висок функционер на владата во Киев, пренесува ПлусИнфо.

За пределот Заткарпатија спор водеа Чехословачка, Унгарија и Советскиот Сојуз низ 20-тиот век, пишува РТ.

– Унгарија „отворено зборува за својата соработка со Русија. Освен тоа, Путин рано ги предупреди дека нашата земја ќе биде нападната – одговори Алексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ), на прашањето дали Унгарија може да ја блокира Украина во НАТО.

Претходно во понеделникот, се појави веста дека Виктор Орбан, старо-новиот премиер на Унгарија бил додаден во „Миротворец“,озлогласената онлајн-листа на луѓе кои се сметаат за непријатели на Украина, од кои некои веќе се ликвидирани. Веб-страницата го означува Орбан како „соучесник со руските воени злосторници“ и „антиукраински пропагандист“.

– Унгарија мислеше дека може да земе дел од територијата. Ова никогаш нема да се случи. Победата дефинитивно ќе биде наша. А за Унгарија, која се однесуваше вака, ќе видиме какви ќе бидат последиците – додаде Данилов.

Во меѓувреме, Унгарија уште одбива да испрати оружје во Украина, се спротивстави на ембаргото за руски гас, а заедно со Словачка можно е да биде изземена од ембаргото за руска нафта. Според портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач, ставот на Будимпешта за санкциите „останува непроменет, ние не ги поддржуваме“.