„Викиликс“ алармира: Асанж одвај зборува, пренесен е во затворското болничко крило


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од „Викиликс“ соопштуваат дека основачот на сајтот, Џулијан Асанж, поради здравствени проблеми е преместен во болничкото крило на затворот „Белмарш“ во Велика Британија, предизвикувајќи загриженост во врска со неговото здравје во очекување на сослушувањето за неговата екстрадиција во САД, пренесува Макфакс.

Здравствената состојба на Асанж значително се влоши во текот на речиси седум години што ги помина во Амбасадата на Еквадор во Лондон и продолжи да се влошува во текот на седумте недели што ги помина во „Белмарш“, се вели во изјавата на „Викиликс“.

„Одлуката на затворските власти да го преместат во здравствено одделение зборува за себе”, велат од „Викиликс“, додавајќи дека Асанж многу ослабел и едвај можел да разговара со својот шведски адвокат Пер Самуелсон минатата недела, кој соопшти дека здравјето на Асанж било толку влошено што не можел нормално да разговара.

Шведска ја отфрли иницијативата на Самуелсон за одложување на сослушувањето за екстрадиција на Асанж иако тој никогаш не бил обвинет за ништо. Шведските иследници никогаш не го интервјуирале Асанж за тврдењата за сексуален напад, што се чини дека беше изговор за екстрадиција во САД во 2012 година и го поттикна Асанж да побара азил во Еквадор.

Прелиминарното сослушување во врска со барањето за екстрадиција на Вашингтон е закажано за денес. САД го обвинија Асанж по 18 точки од обвинението според Законот за шпионажа, кој носи казна до 175 години затвор.

„Случајот на Џулијан е од големо историско значење и ќе биде запаметен како најлош напад врз слободата на медиумите во нашево време “, вели главниот уредник на „Викиликс“, Кристин Храфсон.