Викенд прогноза: Дождлива сабота и стабилна и потопла недела


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес, сабота, 14 декември, времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови, а попладне ќе престануваат. Ќе дува повремено умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од пет до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува повремено умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени. Во Маврово дневната темпертура ќе достигне до 5 степени, Охрид 8, Битола и Крива Паланка 9, Берово 7, Кавадарци 10, Дојран 12.

Од утре следува период на стабилно и потопло време, а по одделни котлини ќе се задржи облачно, магливо и постудено.