Видео: Решена мистеријата со морското чудовиште во Индонезија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Научниците најверојатно конечно ја решија мистеријата околу распаднатиот труп на „мистериозното морско суштество“ што минатата недела се насука на индонезискиот брег и предизвика интерес на локалните жители, но и во целиот свет.

Локалниот рибар Асрул Туанакота (37), кој го пронајде трупот, во почетокот мислел дека станува збор за сплав, но кога се добллижил видел дека е остаток од некое суштество за кое помислил дека е голема лигња.

Фотографиите и видео снимките од суштеството го обиколија целиот свет, а научната заедница почна со истражување за што всушност станува збор и како животното стигнало таму.