Видео повик – нова опција на Тиндер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Платформата Тиндер најави дека во текот на оваа година ќе го објави надоградувањето за својата популарна апликација – воведување на видео повици.

Ова е огромно надоградување, со оглед н а тоа дека Тиндер има милиони корисници и дека видео повиците би можеле да бидат многуи корисни за нив.

Сите моментално се прашуваат како Тиндер ќе го реши проблемот на вознемирување и злоупотреба кога ќе се воведат видео повиците.

Се претпоставува дека работат на систем за рано откривање на навредливи фотографии. Корисниците исто така ќе мораат да ги менуваат своите навики, и дека видео повиците ќе бидат вообичаена работа наместо текстуалните пораки.

Од компанијата исто така објавиле и статистички извештаи за претходниот период во текот на епидемијата на коронавирусот, во кои е достигнат пораст на користење на оваа апликација и тоа кај жените помлади од 30 години, за вкупно 37%.

Бројот на пораки во текот на денот е зголемен за околу 27%, гледано глобално.

Иако овие бројќи покажуваат позитивен раст, има пад на бројот на корисници во однос на февруари, односно периодот пред кризата. Како што се укинуваат вонредните мерки, така се гледа и пораст на употребата на апликацијата и размена на пораките, во сите региони на светот.