Home Актуелно Вештачен Опелот од „Монструм“ – се потврди дека е истиот најден два дена по убиствата кај Смилковско езеро

Вештачен Опелот од „Монструм“ – се потврди дека е истиот најден два дена по убиствата кај Смилковско езеро

Огнен Ставрев и Осман Шабани, судии од скопскиот Кривичен суд, во придружба на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од СЈО, денес извршија увид на автомобилот „опел омега“ за кој се смета дека бил употребен за бегство на осомничените во петкратниот масакр што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро.

Се работи за повторена постапка, откако Врховниот суд „Монструм“ го врати на повторно судење, токму поради тоа што само МВР ги имаше видено автомобилот, а на странките во постапката им подели само фотографии. Пресудите за сите шестмина обвинети беа доживотен затвор.

Денешниот увид се изврши во депото на Агенцијата за управување со запленет имот, во близина на скопско Миладиновци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…