Верушевски бара 71.000 евра државно обештетување за притворот во „Пуч“


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, од државата бара обештетување во висина од 71.000 евра, поради 344 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“, објавија медиумите.

Како што е познато, тој беше притворен веднаш откако стана јасно дека постојат политички бомби во рацете на Зоран Заев, со обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа.

Подоцна, за оружјето беше ослободен, додека обвинението за „Пуч“ го повлече специјалната обвинителка Катица Јанева, со што тој стекна право за отштета од државата.