Велика Британија денес гласа на вонредни парламентарни избори


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Граѓаните на Велика Британија денеска имаат можност да го остварат своето право на глас на вонредните парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата, туку дали, кога и како оваа земја ќе излезе од Европската унија.

Главните ривали на изборите се владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон и опозициската Лабористичка партија на Џереми Корбин. Изборите се одржуваат две години пред редовните, откако на тоа инсистираше премиерот Џонсон, надевајќи се дека ќе освои апсолутно мнозинство и ќе ја изведе земјата од политичкиот ќорсокак околу Брегзитот.

Џонсон вели дека ако неговата партија освои мнозинство парламентот ќе го ратификува договорот со Брисел што кон средината на октомври го постигна со ЕУ и оти неговата влада ќе направи се за да се оствари Брегзитот во договорениот рок, 31 јануари.

Џонсон последниот ден од кампањата го почна во Западен Јоркшир. Истакна дека кампањата не можела да биде потензична и дека повторно постои ризик од тоа да нема парламентарно мнозинство.

Главната порака на актуелниот премиер беше насочена на завршувањето на кризата предизвикана од брегзитот.

„Ако набрзо не излеземе од овој жив песок, иднината на нашата земја ќе остане несигурна“, истакна Џонсон и додаде дека ториевците ќе се залагаат за инвестиции во националната здравствена служба, зголемување на бројот на полицајците и воведување нов емиграциски систем.

Џереми Корбин последниот ден од кампањата го почна во Глазгов, каде кажа дека лабуристичката влада „ќе ја елиминира сиромаштијата на децата, ќе ѝ даде надеж на следната генерација и на вистински начин ќе вложува во образованието низ Британија“.

„Запамтете дека утре е нашиот избор, нашата шанса, да избереме влада која ќе биде за многумина, а не за неколкумина. Влада на која можете да ѝ верувате“, кажа Корбин и истакна дека Лабуристичката партија ќе се потруди да обезбеди договор околу брегзитот кој е „добар за работниците“ и дека последниот збор ќе го има јавноста.