Разбојник влегол да ја ограбува Инстаграм манекенката и ја начекал гола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Моделот Дани Бенкс сведочи дека среде ноќ од сон се разбудила како да е во кошмар кога вооружен разбојник провалил во нејзиниот стан за да ја ограби, а таа пред него стоела гола додека крадецот барал пари.

Сцената е снимена од надзорна камера. Дани раскажува за TMZ дека спиела во нејзиниот дом во Чамбли минатата недела кога слушнала гласен шум што ги натерало нејзините кучиња да „лаат како луди“.

Дани влегла во собата, а на видеото се гледа разбојникот со пиштол. Дани, модел на Инстаграм со повеќе од 2,5 милиони следбеници, вели дека арамијата ја замолил да го отвори сефот, за кој вели дека бил празен. Таа додаде дека мажот ја турнал во креветот пред да избега.

Полицијата од Чембли одговорила на повикот за вооружен грабеж во нејзиниот стан. Кога пристигнале, ја нашле Дани како хистерично плаче во собата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danii Banks (@danii.banks) on

Од полициските служби соопштија дека забележала дека задната врата од нејзиниот стан е оштетена од насилен влез. Истражните органи уште работат на случајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danii Banks (@danii.banks) on

Но, приказната добива и една друга страна која ја наметнуваат дел од интернет корисниците запознаени со овој случај. Многумина ја обвинуваат бомбастичната Дани дека намерно ја исценирала и изрежирала целата ситуација со разбојникот за да си ја зголеми својата популарност на Инстаграм и да стекне што поголем број следебници на оваа социјална платформа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danii Banks (@danii.banks) on