Велешка професорка добивала смртни закани по телефон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Професорка од средно училиште во Велес овие деновиве добивала закани по животот и по телото на мобилен телефон.

Таа ги пријавила во полиција овие закани поради тоа што била исплашена за својата безбедност, но од полицијата не кажуваат повеќе детали за што точно се работи. Засега нема потврда дали заканувачите се можеби некои нејзини ученици и кои биле причините за овие закани.

– Во вторникот во 10 часот во СВР Велес, жена пријавила дека лицата Х.Б., А.П. и А.Л. преку СМС ѝ праќале закани по животот и телото. – изјавиле од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо.

Од средното училиште во кое работи професорката ни рекоа дека го разгледуваат случајот, но не сакаа да искажат став додека целиот случај не се реши.

Од Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат ни беше кажано дека не се запознаени со овој случај.