Home Актуелно „Вечниот“ Деари прв човек на јавната безбедност до назначување на нов директор

„Вечниот“ Деари прв човек на јавната безбедност до назначување на нов директор

Заменик директорот Бесим Деари ќе го раководи Бирото за јавна безбедност до избор на нов директор на овој безбедносен сектор, откако Лазе Велковски беше разрешен од таа позиција со одлука на владина седница.

Деари ја извршува функцијата заменик директор во БЈБ повеќе години. Работел на таа функција и во време на претходната власт, па му беше заменик и на Митко Чавков.

Како што велат од МВР новиот директор кој ќе седне на фотелјата по Велковски треба да го предложи министерот Оливер Спасовски и предлогот да се разгледа на владина седница.

За сега во јавноста се вртат неколку имиња за следниот директор на полицијата. Меѓу нив е поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ, Сашо Тасевски кој е началник на Шестата управа и Кирил Митиќ кој е долго време во МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…