Home Вебкафе Ужас во Папуа Нова Гвинеја: Патнички авион ја промаши пистата и заврши во океан

Ужас во Папуа Нова Гвинеја: Патнички авион ја промаши пистата и заврши во океан

Патнички авион од типот Боинг 737 ја промаши пистата при слетувањето на островот Вено, северозападна Папуа Нова Гвинеја, и заврши во океанските води во близина.

Авионот на Air Niugini кој летал од Микронезија кон Папуа Нова Гвинеја, не успеала да слета на пистата и слетал во водата, објавија локалните власти, цитирани од “Дејли Меил”. Чудно, ама преживеале сите 36 патници и 11члениот екипаж.

Боингот 737 а бил целосно потопен под вода а само еден човек бил повреден. Локалните жители веднаш стигнале со своите чамци за да им помогнат и да ги извлечат патниците што го напуштиле авионот . Менаџер на аеродромот објаснил на медиумите дека авионот беше надвор од патеката за околу 160 метри. Сите во авионот биле однесени во болници каде што биле испитани, но немало сериозно повредени.

Засега причината за несреќата не е јасна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…