Утре се укинува екстерното тестирање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рената Дескоска, иден министер за образование и наука, најави дека од утре ќе биде укинато екстерното тестирање.

„На собраниска седница утре ќе бидат поднесени три нови закони, од кои еден е токму за екстерното“, вели Дескоска.

Таа упати порака до граѓаните да не се грижат и дека со сигурност оваа година нема да има екстерно тестирање.

Одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ќе сторат сè законот да биде донесен.

„Доколку не биде донесен, во што јас не верувам, мислам дека веќе наоѓаме на разбирање во смисла што денеска видовме одблокирање на комисиите, формирање на комисии, има и резервни варијанти како да се реши проблемот. Но, јас апелирам до сите луѓе кои гласаат, сите пратеници во Собранието, да бидат конструктивни, бидејќи укинувањето на екстерното тестирање е во интерес на учениците“, рече Дескоска.

Дескоска изрази верба дека законот ќе биде донесен.