Home Актуелно Успешен референдум во Гевгелија: Гевгеличани кажаа одлучно стоп за рудникот на смртта

Успешен референдум во Гевгелија: Гевгеличани кажаа одлучно стоп за рудникот на смртта

Граѓаните на Гевгелија кажаа стоп за отворање нови рудници за злато на планината Кожув.

Иницијативата беше преземена од невладината Спас за Гевгелија и истата вроди со плод. Од вкупно 19.459 жители на градот, гласале 13.384 граѓани со право на глас. Општинската изборна комисија информира дека ЗА гласале само 184 граѓани, додека останатите 13.097 биле ПРОТИВ оваа идеја, имало и 184 неважечки ливчиња. Процентуално, само 1,1 од 100 проценти биле за спроведување на оваа идеја, додека, 1 насто биле против и останатите 97,9 насто биле негативно настроени кон оваа истата.

Kлучните забелешки на набљудувачите на ЦИВИЛ Центар за слобода, за текот на Референдумот во Гевгелија до 19 часот се повеќе од технички карактер.

Најсериозните забелешки одат на адреса на надлежните институции, поточно Општинската изборна комисија. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ документира повеќе случаи на потполна неинформираност на гласачите, а во целост, може да се забележи недоволно ангажирање на ОИК за навремено и квалитетно информирање на локалната јавност за Референдумот. Се бележат и помали пропусти во работата на Избирачките одбори, УВ ламбата не работеше во две избирачки места, како и три случаи на групно гласање. Се бележат и проблеми со Избирачкиот список, односно повреда на гласачкото право. Дел од гласачите не можеа да се најдат на Избирачкиот список, велат од ЦИВИЛ.

Од општинската изборна комисија наведоа дека од сега, па во наредните 24 часа течат роковите за жалби. Моментално, низ улиците на Гевгелија се слави за успешноста на референдумот, кој е втор од локален карактер во Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…