Успех на СОС Охрид: Со новиот ГУП Студеничишко блато останува заштитена зона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По повеќе од две години минати во бројни активности на граѓанската иницијатива Охрид СОС и на еколошките организации, општина Охрид во најновите измени на Генералниот урбанистички план (ГУП) на градот ја исфрли идејата за изградба на елитна населба на местото на Студенчишко блато. Со најновиот предлог на локалните власти, статусот на Урбаниот блок 17.1 се враќа во претходната состојба од ГУП за 2006 година, а тоа значи целосно заштитена зона на која не смее ништо да се гради, објави build.mk.

Од Охрид СОС преку социјалните мрежи потврдија дека на вчерашната стручна расправа за ГУП на Охрид 2014 2024 им соопштиле дека Студенчишко блато останува строго заштитена зона.

Две години континуирана борба конечно се исплатеше! Победата не е само наша, но и на секој од вас кој споделуваше, реагираше, придонесуваше. Победата е и на медиумите кои искрено застанаа зад нас! Конечно, најголемата победа денес ја однесоа Езерото и природата!, кратко соопштенија на Охрид СОС.