Home Актуелно Уште едно, ново задолжување на Владата од 114 милиони евра

Уште едно, ново задолжување на Владата од 114 милиони евра

Скоро 113,8 милиони евра – толку пари владата денеска сака да позајми преку аукција на државни хартии од вредност. Дел од парите ќе се враќаат за 15 години.

Утре, државата по основ на доспеани долгови во приватниот сектор ќе мора да врати скоро 53 милиони евра. Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов побара да се свика итна владина седница за усогласување на одлуката на владата со која е утврден максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност за годинава, со државниот буџет.

Од финансии тврдат дека денешните аукции се согласно законот, а Наумов шири невистини за политички да поентира. Наумов сепак останува на ставот дека министерството го прекршува членот 51 од уставот. Според најновите објавени податоци, заклучно со третиот квартал јавниот долг достигна скоро 4,7 милијарди евра или 50,6% од БДП, што претставува рекордно измерено ниво на јавен долг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…