Уште еден смртен случај од коронавирус и 25 нови заболени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најновата статистика за изминатите 24 часа во врска со влијанието на епидемијата на коронавирус во Македонија, има уште еден нов смртен случај како последица на заразата и 25 новозаболени лица. Петмина излекувани пациенти се пуштени на домашно лекување.

Вкупниот број се искачи на 354 регистрирани случаи, а по градови новозаболени има за прв пат во Кочани еден случај, додека во Скопје уште седум исто и куманово, во тетово петмина прилеп и струга по двајца и гевгелија еден. Според министерот за здравство Венко Филипче починатата е жена на 65 години која освен корона имала и бројни заболувања на белите дробови, висок притисок и била дијабетичар.

„За жал имаме смртен случај на 65-годишна пациентка заболена од коронавирусот со претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност. Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата и тоа во Скопје – 7, Куманово – 7, Прилеп – 2, Тетово – 5, Струга – 2, Гевгелија – 1, Кочани – 1, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје, – 183, Куманово – 54, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, изјави министерот Филипче.

Инаку, стигнале резултатите од жената од Лабуништа која почина пред неколку денови во Струшката болница, и е потврдено дека и таа била позитивна на вирусот.Според Филипче се истражува дали 4 медицински лица од Штип се заразени со корона откако и пружале нега на 80 годишна старица. Првичниот тест на старицата бил негативен, но откако и се влошила состојбата е направен втор тест кој е позитивен. Сега докторите и сестрите се во самоизолација.  Во исто време заболена од кораона е и една медицинска сестра од Пулмологија која живее во Куманово.

Инаку според министерот прерано е да се каже дали терапијата која им се дава на пациентите влијае позитивно на нивното здравје и справувањето со корона вирусот. Тој и денеска убедува дека здравствениот систем е подговтвен за да се справи со состојбата, особено ако граѓаните ги почитуваат владините мерки.