Умерено студено и помирно време во петок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последниот работен ден неделава, метеоролошки гледано повеќе ќе им биде наклонет на оние кои ќе се наоѓаат во источната половина од земјата, каде ќе има подолги сончеви периоди, односно умерено облачно време.

Во западната половина од земјата ќе биде претежно облачно во поголем дел од денот. Генерално, во текот на вечерта ќе има тренд на намалување на облачната маса насекаде низ земјата.

Наутро температурата ќе има минимална вредност помеѓу -2°С и -5°С во поголем дел од котлините, додека на повисоките места во источниот крај ќе биде постудено, со минимална температура околу -8°С.
Преку ден, температурата ќе има максималната вредност помеѓу 2°С и 5°С низ поголем дел од котлините, а на југ околу 7°С.

Скопскиот регион очекува претежно облачно време, со повремени сончеви периоди. Приквечер се очекува тренд на намалување на облачноста. Минималната температура ќе има вредност околу -4°С, додека вредноста на максималната температура ќе биде околу 4°С.