Украинските житарки ќе ги натераат полските фармери да ги блокираат улиците на Варшава при посетата на Зеленски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Земјоделците од Полска упатуваат јавни закани и најави дека ќе ја попречат посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Варшава поради тврдењата дека украинското жито го преплавува нивниот пазар и ја намалува цената на нивните производи.

Зеленски би требало да ја посети престолнината на Полска утре, за да изрази благодарност на поддршката од членката на Европската Унија во конфликтот со Русија.

Меѓутоа, полските земјоделци се закануваат дека ќе излезат на улиците со намера да го попречат овој настан.

„Владата во Варшава би требало да размисли за тоа“, кажа претседателот на здружението на земјоделци Замошча Марцин Собчук, и додаде дека се спремни „да ја расипат посетата“.

„Идеи има многу, но нема да зборувам за тоа“, кажа тој.

Истакна дека таквата ситуација за Русија би била важен доказ за несогласувањата во западното единство.

Како дел од иницијативата на ЕУ, на украинскиот извоз на жито се укинати сите царини и квоти во 27-те членки на блокот за да се олесни транзитот на производите низ светот, вклучувајќи ја Африка, каде недостигот од храна предизвикува сериозни последици.

Меѓутоа, поголемиот дел од житото останува во источните членки на ЕУ, вклучувајќи ги Полска, Унгарија и Романија, што ги намалува цените во тие земји и поттикнува негодување на земјоделците.

Полскиот премиер Матеус Моравјецки кажа дека ќе побара од Европската комисија и државите членки повторно да воведат бариера за увозот на украински житарки, но полските земјоделци истакнуваат дека ништо не е направено.

„Мислевме дека премиерот нè сфати сериозно, но се покажа дека не е така“, кажа Собчук.