Home Вебкафе Украден муралот од Бенкси кој се наоѓаше на врата од фамозниот Батаклан

Украден муралот од Бенкси кој се наоѓаше на врата од фамозниот Батаклан

 Муралот кој уличниот уметник Бенкси го имаше изработено на влезна врата од парискиот театар Батаклан, каде за време на концерт во 2015 година се случи терористички напад, беше украден во петокот.

Од театарот Батаклан соопштија дека кражбата на ова дело е голема штета која ги вознемирила и нив и јавноста, бидејќи делото од Бенкси беше симбол на споменот за театарот кое им припаѓаше и на парижаните, но подеднакво и на цел свет.

Еден од најпознатите анонимни уметници на светот, го наслика тој мурал во чест на жртвите кои загинаа во терористичкиот напад што се случи на тоа место ноември 2015 година. Делото отсликува тажен црно-бел лик со наведната глава под превез.

Сознанијата укажуваат дека муралот е украден во петокот, со помош на комбе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Во Lilly дрогерии попуст до 35% на сите производи за нега на лице

Компанијата Lilly Drogerie го означи почетокот на акцијата со попусти на сите производи за…