Актуелно

УЈП: 37 скопски фирми должат милионски суми за неплатен данок

Tриесет и седум компании од Скопје, помогнати од врботени во УЈП, во текот на 2015 и 2016 година избегнале да платат милионски суми данок на добивка, соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Соња Лукаревска.

Според неа, овие фирми биле ставени во привилигирана позиција на тој начин што во електронскиот систем на УЈП за данок на добивка била овозможена посебна програма за забрана за печатење опомени за долгови, по основ на данок на добивка. Ова овозможувало две години 37 фирми да бидат изземени од постапки за присилно наплата на милионски долгови.

За случајот се води дисциплинска постапка против две лица вработени во УЈП, а истрагата ќе се проширува. Од УЈП велат дека меѓу инволвираните се и лица на високи раководни функции одговорни за мониторирање на системот

To Top