Учениците од „Владислав Рибникар“ ги погоди уште една трагедија – почина најтешко повреденото девојче во масакрот од Коста Кецмановиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Девојчето кое беше најтешко повредено во пукањето во белградското училиште „Владислав Рибникар“, починало утрово во Универзитетската детска клиника во Белград.

Девојчето во нападот во училиштето добило тешки повреди на главата, опасни по живот. Застрелана била во главата. Лекарите со денови се бореа за нејзиниот живот, поминала неколку операции, преземени биле сите мерки на интензивно лекување, но за жал не успеале да ја спасат, пишува српска Нова.

Девојчето е десеттата жртва на масакрот кој го изврши 13-годишниот ученик на 3 мај во училиштето.

„Таа веќе не дише, а сите се молевме на училиште таа и Владимир да останат живи. Дури на влезот во училиштето залепивме постер со порака за нивно брзо заздравување. Верувавме во подобро, во лекарите, во нивната младост и издржливост, без разлика на повредите со кои се здобија. Но, ја изгубивме и Ангелина. Ни остана само Владимир и се надеваме дека барем тој ќе се врати кај нас, ќе влезе во училницата и ќе бидеме заедно“, вели во изјава за „Новости“ ученик од „Владислав Рибникар“ .

Ангелина беше хоспитализирана на детската клиника откако на 3 мај тринаесетгодишниот Коста К. уби осум ученици и чуварот во училиштето.

Таа се здоби со тешки телесни повреди на главата. Веднаш по приемот во болницата девојчето беше оперирано, но куршумот и останал во главата. Лекарите сиве овие денови од минута во минута ја следеле нејзината здравствена состојба и покрај наводите дека нема многу надеж за девојчето, се обиделе да ја спасат.

„Веста за смртта на девојчето повторно сите не потсети на страшниот масакр и брзо се прошири на социјалните мрежи. Ќерка ми, речиси две недели по хоророт што се случи, дојде на час. И сега да го слушне ова… не знам како ќе ја смириме“, вели еден од родителите за српскиот весник.

Шест ранети ученици и една наставничка беа примени во две белградски клиники по масовното пукање на 3 мај во белградското училиште „Владислав Рибникар“, кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ со пиштолот на својот татко уби осум соученици и училишниот чувар.

Тринаесетгодишниот напаѓач по убиствата е уапсен и сместен во детска психијатриска установа бидејќи не е кривично одговорен, но на неговиот татко, кој го носел на стрелање и на игри со симулирање оружен напад, му е одреден притвор до 30 дена.

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ претходно се повлече од должноста под притисок на јавноста.