Home Актуелно Убиецот на кучето Идриз во Дебар Маало доби кривична пријава

Убиецот на кучето Идриз во Дебар Маало доби кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Скопје денеска поднесе кривична пријава против С.Х.  кој пред неколку недели со секира ладнокрвно го уби маалскиот миленик, кучето Идриз во центарот на градот пред кафуле полно со луѓе.

Кривичната пријава е поднесена за кривично дело „мачење на животни“

На 29.04.2017 година во 18.30 часот на улица Пиринска во близина на угостителски објект С.Х. од дворот на семејниот дом земал мала секира и метална шипка излегол надвор и откако го забележал, му се доближил на кучето и му задал еден удар со секира и повеќе удари со метална пречка во пределот на главата и од ударите го повредил кучето, го изложил на непотребни маки и нанесени болки кои резултирале со последица смрт, пишува во билтенот на МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…