Home Актуелно Ја удирал со нелегален пиштол: Снаа го пријавила свекорот за семејно насилство

Ја удирал со нелегален пиштол: Снаа го пријавила свекорот за семејно насилство

Дваесет и петгодишната Е.А. од гостиварско Врапчиште вчера попладне го пријавила свекорот дека ја нападнал и ја удрил со пиштол по главата.

Според СВР Тетово, настанот се случил вчера попладне во домот на родителите на Е.А. во Врапчиште, каде престојувала со двете малолетни деца. Нејзиниот свекор А.А. (49) и свекрвата дошле со намера да ги земат децата кои пријавителката ги имала со нивниот починат син.

Набрзо почнала вербална расправија во која учествувала и мајката на Е.А, која прераснала во мешаница. Во еден момент, свекорот А.А, според нејзиното кажување, извадил пиштол и ја удрил и повредил по главата, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Набрзо по пријавуавњето, на местото пристигнале полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар кои го лишеле од слобода А.А. Нему му е одземен пиштол ТТ со рамка со седум куршуми, кој го поседувал без дозвола.

Од СВР Тетово потенцираат дека по целосното расчистување на сите поединости и во координација со јавен обвинител, пријавениот ќе се соочи со соодветен поднесок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…