Актуелно

ТВ канал во Мароко дели совети како жените да сокријат семејно насилство со шминка

Национален телевизиски канал од Мароко се извини откако емитуваше туторијал со совети за жени за тоа како да ги камуфлираат знаците на насилство.

Навредливиот прилог, емитуван на Канал 2М на шоуто Сабахијат во средата, ја прикажувал шминкерката Лилиа Мулине како демонстрира начини да се покријат трагите на насилство на жена чие лице било покриено со модрици.

Осигурајте се дека ќе користите течна пудра за да ја фиксирате шминката, за ако треба да работите во текот на денот, модринките да не се појават, вели водителката на крајот од прилогот, пред да ги препорача најдобрите козметички производи за темелно прикривање, како пудра и коректор.

Програмата, која се емитувала два дена пред Меѓународниот ден за спречување на насилството врз жените, предизвика бес во државата, а отворена е и петиција која повикува на Агенцијата за аудиовизуелна комуникација да го затвори каналот.

Advertisements
To Top