Туск во Скопје на средба со претседателот Иванов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Европскиот совет (ЕС), Доналд Туск, в понеделник ќе престојува во неколкучасвона посета на Македонија. Туск ќе оствари средба со претседателот на Макеоднија, Ѓорге Иванов.

Политичката криза во Македонија и мигрантската криза во Европа ќе бидат темите на кои претседателот на ЕС, Туск, ќе разговара со шефот на македонската држава Иванов.

Според информацијата од кабинетот на претседателот, Туск и Иванов ќе имаат получасвна тет а тет средба, а потоа уште 30 минути ќе има дискусија помеѓу двете делегации.

Туск, во Скопје, ќе се сретна само со претседателот Иванов, а нема да има средба со лидерите на политичките партии.

По работниот ручек во вилата Водно, Туск ќе отпатува за Софија.

Доналд Туск трет пат во последните две години доаѓа во официјална посета на Скопје, а по повод посетата од граѓанската инцијатива За зедничка Македонија најавија масовен протест.