Турската полиција ликвидираше жена за која се сомневаа дека ја подметна бомбата во вчерашната експлозија во Истанбул


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Стотина пукотници се слушнале попладнево во метро-станицата Шишхане во Истанбул, каде полицијата ликвидирала сомнителна жена во метрото, објавија турските медиуми.

Како што пишуваат некои турски медиуми, жена го носела ранецот со експлозив кој предизвика експлозија во која загинаа засега 6 лица и 53 се повредени на најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал.

Уште нема никакви официјални информации за тоа како настанала експлозијата и дали станува збор за терористички напад.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека првичните информации укажуваат дека станува збор за терористички напад.

За агенцијата Ројтерс сведочеше и еден работник во ресторан на улицата Истиклал.

– Кога ја слушнав експлозијата, се замрзнав. Луѓето само застанаа во место и се погледнаа. А потоа почнаа да трчаат. Што друго можете да направите? – рекол Мехмет Акус, додавајќи дека веднаш по експлозијата му се јавиле роднините.

– Ми се јавија роднините, знаат дека работам во Истиклал. Им реков дека сум добро – вели Акус.

Ердоган го осуди „страшниот напад“ на популарната пешачка улица и вети дека казната ќе ги снајде сите оние кои ќе извршат терористички напади врз турската нација.