
Цеца и Сузана Јовановиќ ја делат истата болка
Саша Поповиќ вчера беше погребан на Бежаниските гробишта во Белград. Бројни негови колеги, пријатели и соработници го испратија на вечен починок. Цеца и Сузана Јовановиќ ја делат истата болка – двете останаа без љубовта на својот живот, па не е изненадување што Ражнатовиќ беше покрај вдовицата на Сале.
„Ние што бевме блиски со него, тешко ни е да се соочиме со фактот дека го нема повеќе. Зборови на утеха за семејството не постојат. Никогаш не го преболуваш тоа, само учиш да живееш со таа болка. Јас имав уште потрагична ситуација – отидов со мојот сопруг во град, а се вратив без него. Немав зборови на утеха, само кажав: ќе научиш да живееш со тоа“ – изјави Цеца за Telegraf.
„Толку многу нешта би сакала да му кажам… Последното нешто што му го напишав, кога го прашав во четврток како е, му напишав и ‘те сакам’“ – рече таа.
Неговиот кум Дејан Ќирковиќ Ќира вели дека се чудел колку креативниот директор на Гранд имал желба за живот.
„Бевме во постојан контакт. Навистина се чудев колку волја за живот имаше. Дури пред две недели правеше планови за емисии. Секогаш велеше: ‘Супер сум, Ќирко, одлично сум’.“
„Докторите му рекоа дека терапијата што ја прима ќе го стабилизира за два месеци. Никој не очекуваше дека вака ќе се случи“ – изјави за Scandal и нагласи дека Поповиќ последните денови не контактирал со никого.
„Последните денови му беа навистина, навистина тешки. Кога видов дека некој изјавил како зборувал со него ден или два пред смртта, тоа се чисти глупости. Сале немаше сили тие денови ниту да зборува, ниту да пишува“ – изјави за Scandal, кој беше покрај Сузана и ќерката на Сале, Александра.