Тројца осомничени за убиството во Охрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полицијата поднесе кривични пријави против три лица за вчерашното убиство во тепачка кое што се случи во Охрид.

Како што известија од полицијата, по расправија, која што прераснала во тепачка, лицето С.Г.(58) починало, а осомничени за убиството се Н.С. (79), З.С. (45) и Д.С. (24) сите од Охрид.

Имено вчера околу 17 часот 30 минути во Охрид, пред продавница „Јано Пром“, бил нарушен јавениот ред и мир со карање и викање кое прераснало во тепачка помеѓу 79годишен Н.С од Охрид, од едната страна и 58годишен  С.Г. од Охрид и 299годишен М.Г од друга страна.

Откако Н.С. се здобил со телесни повреди ги повикал неговиот син 45годишен З.С и внук 24годишен Д.С од Охрид, а по нивно пристигнување, повторно настанала расправија и тепачка каде со повреди се здобиле С.Г. и Н.С., а во еден момент по завршување на тепачката а поради здобиените повреди С.Г. колабирал и починал на местото на настанот.

Увид е извршен од страна на јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Охрид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.