Трик како да ги спречите мувите да ви влегуваат дома (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со пролетното затоплување на времето, се згоелмуваат и „активностите“ на инсектите, меѓу кои и мувите, кои знаат да бидат прилично досадни кога ќе ни влезат дома.

За да се ослободите од несаканите „натрапници“, Андреја Жан, која пренесува бројни совети за чистење и уредување на домот, овојпат споделува трик со монети, вода и ќесе за замрзнување.- Значи, ставете ги паричките во ќесето и додајте вода за тие да пловат во неа. Ќесето се закачува на влезната врата или пред прозорецот, вели Жан.

Луѓето велат дека овој необичен трик, всушност е навистина делотворен.

– Очите на мувите се многу чувствителни на промените во светлината. Затоа, светлоста што се одбива од паричките ги збунува мувите и ги тера да се оддалечат од вашиот влез, појаснува Андреја.

Нејзиното видео собра над 200.000 прегледи на социјалните мрежи, а повеќе следачи кои го испробале овој трик велат дека се презадоволни.