Три години криеле за 700 милијарди долари вредното богатство кое го откриле

Истражувачкиот тим од Океанографскиот институт „Вудс Хол“, пред три години, пронашле богатството на морското дно, но таа информација ја чувале во тајност сè до денес.

Со помош на подводно автономно возило екипата на Океанографскиот институт Вудс Хол го открила богатството на потонатиот брод Сант Хозе , исченат пред 300 години.

,,Не зборувавме за откритието од полит кон владата на Колумбија“, изјави потпретседателот на WHOI за морски објекти и операции, Роб Муниер. Пронаоѓањето на бродот со години важел за ,,свет грал“ на поморската археологија.

Богатството на бродот се проценува на 17 милијарди долари. Бродот Сан Хозе потонал за време на битка во 1708 година со 600 патници и членови на екипажот , како и со големо количество злато , сребро и смарагди .

Пред неколку недели УНЕСКО побара од Колумбија комерцијално да не ги експлоатира остатоците од бродот , чија точна локација е државна тајна.

За сега богатството е недопрено на морското дно.