Три агенции во Македонија преговараат за увоз на работна сила од Непал, Бангладеш, Пакистан и Индонезија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Три агенции за посредување периодов преговараат за увоз на работна сила во Македонија.

Се преговара за увоз на работници од Непал, Багладеш, Пакистан и Индонезија. На работниците кои би дошле тука, компаниите ќе треба да им обезбедат сместување. Од Организацијата на работавачи на Македонија велат дека за нив ќе важат истите работнички права, како и за домашните работници.

Според стопанствениците, иселувањето предизвукува дупка на пазарот. Тие стравуваат дека испразнетите работни места во одредени индустриски гранки, може да предизвикаат пад на економијата.

Претседателот на Организацијата, Ангел Димитров вели дека текстилната индустрија има реална потреба од работници.

-Ако не ги пополниме тие работни места, ќе имаме пад на економијата. Тоа значи помалку буџет, ДДВ, помалку пари за администрација, образование, здравство. Ќе треба да се намали бројот на пратеници, бројот на министри во Владата и бројот на вработени во администрацијата бидејќи ќе нема пари за сите – вели претседателот на Организацијата на работодавачи.

Тој бара либерализирање на увозот на работници од странство.