Облачен пролетен вторник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска, вторник, 21. март, времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до 15 Целзиусови степени. Маврово 6, Охрид 12, Битола 13, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 17, Дојран 18.

И утре времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови со локален дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.