Трговските центри полека се враќаат во живот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се чистат дуќаните, се дезинфицираат трговските центри кои речиси два месеци беа под клуч. Добар дел од нив денеска ги отворија вратите за посетители.

Од менаџментот на трговскиот центар „Ramstore“ за Алфа изјавиле дека се подготвени за работа, но секако со почитување на препораките.

Начелно ќе се функционира според протокол, по едно лице на 5 метри квадратни, без групирање, држење на растојание од 1,5 до 2 метри, постојано опоменување за почитување на мерките на разгласните звучници. Дел од граѓаните генерално се за отворање на моловите, но внимателно.

Инаку вратите ги отвори и „ВЕРО Џамбо“, а веќе од утре ќе се отворат и „Capitol Mall“ и „City Mall“. Сите ќе работат со скратено време од 10:00 до 18:00 секој ден освен недела.

Инаку, на 18 мај се предвидува да започнат со работа кафулињата и рестораните, а веќе од 25 мај се предвидува да започнат со работа и казината, затворените базени, и фитнес-клубовите.