Home Актуелно Пандемијата на коронавирусот осигурителните компании ќе ги чини над 200 милијарди долари

Пандемијата на коронавирусот осигурителните компании ќе ги чини над 200 милијарди долари

Според проценките на лондонската осигурителна компаниај „Лојдс“, пандемијата на коронавирусот која го разниша општеството на планетарно ниво, ќе ја чини осигурителната индустрија над 200 милијарди долари.

Проценките на компанијата велат дека исплатите за осигурување на Лојдс сега се на исто ниво како по нападот на 11 септември 2001 година, или надоместокот платен во име на штетата предизвикана од ураганите Харви, Марија и Ирма во 2017 година.

Лојд, кој како осигурител на пазарот, плаќа компензација на осигурителните компании погодени од катастрофи, во соопштението нагласува дека очекува да им плати осигурителни компании меѓу три и 4,3 милијарди долари за да им помогне да се справат со пандемијата Ковид-19.

Загубите би можеле да се зголемат доколку стопирањето на работите продолжи во наредниот квартал, што би го зголемило вкупниот цех на осигурителната индустрија на 203 милијарди долари. За разлика од невремето, на пример, влијанието на пандемијата е глобално, системско и долгорочно, тврди лондонската осигурителна компанија.

Студијата на Лојд се заснова на претпоставка за континуирана имплементација на мерки за социјално дистанцирање и блокада на деловните активности во 2020 година, како и проценки за падот на бруто домашниот производ на глобално ниво.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…