Tрауми на жртвите од педофилите во католичката црква: „Ми рекоа дека сум опседнат од ѓаволот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истрагата за педофилија во рамки на еден од највознемирувачките случаи од ваков тип опфаќа над 100 католички свештеници во Чиле се сомничат за педофилија и обид за прикривање на истата.

Педофилијата во Католичката црква во Чиле почнала пред неколку десетини години . Тогашните деца – жртви на свештениците , а сега средовечни мажи раскажуваат на суд за траумите низ кои минувале во животот.

Меѓу другите , говореше и гастрохирургот Џејмс Хамилтон , кој во раните 80 – ти години на минатиот век се скрил во црквата пред диктатурата на Пиноче.

Тој бил сексуално злоупотребуван од свештеникот Фернандо Карадима, кој му всадил и чувство на грев за тоа. Сексуалната злоупотреба, која почнала кога докторот бил во раните тинејџерски години продолжила дури и кога тој се оженил и имал деца. Сега, и покрај тоа што е успешен хирург, веќе 14 години оди на психотерапија.

Докторот Хамилтон раскажува дека не можел да се ослободи од свештеникот, зашто секогаш кога ќе го напуштел, тој го наоѓал заедно со уште тројца бискупи и неколку други свештеници. Тие го убедиле дека е опседнат од ѓавол и дека мора да се покори .

Дури откако во јавноста се појавиле детали за злоставувањето во неговото барање за развод , црквата повела истрага против свештеникот Фернандо Карадима . Денес тој има 88 години и во 2011 Ватикан го прогласил виновен за сексуално злоставување деца.