Трансформација во најстрогиот центар на Лондон – Трокадеро станува џамија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лоциран во најстрогиот центар на Лондон, меѓу Пикадили и Сохо, Трокадеро по околу 130 години постоење е на пат да стане џамија со капацитет за 390 луѓе, откако беше купен од тајкунот за недвижности Асиф Азиз.

Објектот веќе некое време се влече низ локалната администрација откако во 2020 беше одбиен предлогот тој да се претвори во џамија со капацитет за 1.000 верници. По ново, тој во себе освен место за молитва ќе има и исламски центар.

Дел од критиките околу отворањето џамијата доаѓаат и од исламските верници за кои е проблематична локацијата која се наоѓа во област полна со барови што служат алкохол, ноќни клубови, геј локали и стриптиз барови.

Азиз го купи објектот во 2005 за 220 милиони фунти. Неговата фондација, која го покрива реновирањето и пренамената, објаснува дека џамијата ќе им служи на муслиманите кои работат во областа, плус на туристите кои го посетуваат Лондон.