Трамп повикува на обединетост после изолацијата на Катар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американскиот претседател Доналд Трамп по се изгледа го смени својот курс, барајќи од кралот на Саудиска Арабија Салман да работи на арапско обединување. Тој претходно се стави на страна на Саудиска Арабија и другите арапски земји во спорот со Катар околу борбата против тероризмот, пренесува Радио Слободна Европа.

Трамп најпрвин го поздрави потегот на овие земји да ги прекинат дипломатските и трговските врски со Катар наведувајќи дека Саудиска Арабија го послушала неговиот совет во врска со борбата против тероризмот што и го дал додека бил во посета на таа земја.

Тој ја поддржа блокадата на Катар и покрај тоа што во таа земја се наоѓа најголемата американска воздушна база во регионот.

Меѓутоа, синоќа по неговиот разговор со кралот Салман, Трамп се изјасни против изолацијата на Катар, наведувајќи дека единството на арапските земји е клучно во борбата против тероризмот.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека Вашингтон сака да види деескалација на ситуацијата.

Соединетите држави продолжуваат да бидат во блиска комуникација со сите страни за решавање на прашањата и за обнова на соработката која е толку важна за регионалната безбедност таму.

На ист став е и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој изјави дека би било најдобро арапските земји да ги решат недоразбирањата преку заеднички дијалог.

Ние ќе направиме се што можеме да ја решиме оваа криза. Се надевам дека сите санкции против Катар ќе бидат симнати што е можно поскоро, бидејќи верувам дека класификувањето на Катар за тероризам е тешко обвинување.

Во меѓувреме, шефот на судиската дипломатија Адел Ал Џубеир изјави дека излоацијата на Катар не била лесна одлука, но оти морала да биде преземена.

Сакаме да видиме дека Катар ги спроведува ветувањата што ги даде пред неколку години во однос на неговата поддршка на екстримистичките групи, на неговите непријателски медиуми, на неговото мешање во работите на други земји.

Саудискиот миниситер прецизира дека Катар мора да ја прекине поддршката на палестинската група Хамас, како и на Муслиманското братство.

Кампањата за изолирање на Катар ја попречи трговијата што пак ги зголеми страхувањата за можен удар врз глобалниот пазар со нафта.