Нема да се вози во ѕверот од 600.000 евра: Што планира да прави Заев со скапиот Мерцедес?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев не планира да се вози во скапиот Мерцедес кој што го купи претходната власт на Никола Груевски.

Во вчерашното интервју со новинари од неколку национални медиуми на националниот сервис на МРТ, лидерот на СДСМ рече дека нема намера да го вози Mерцедесот, ниту пак има намера да го даде на некој од министрите.

Ако го продадеме 585 илјади е набавната цена, веројатно е дека не можеме повеќе од 400 илјади евра да земеме, при што тука би изгубиле огромни пари.

Веројатно ќе донесеме одлука да го користат само меѓународни делегации кои што ја посетуваат Македонија. Делегации од највисоко ниво и ќе биде само за нивни потреби, рече премиерот Заев,

Заев откри дека имало идеи мерцедесот да се даде на домот без родители, но поради сериозноста во постапката со државен имот мора да биде сериозно сфатена рече Заев.

Жално е тоа што слушнавме информации дека откако се отвори темата за Мерцедесот тој е оставен во една гаража, без да биде покриен, па изгребан е од мачки, па уништен делот од внатрешниот дел . Верувам дека министерот за внатрешни работи Спасовски ќе ве повика вас од медиумите на показ да го видите во каква состојба го затекнуваме, но намерата е Мерцедесот да и служи на Македонија во функција на високите делегации во кои што меѓудругото се надевам дека ќе создадеме попријатна атмосфера да бидат уште попријателски настроени кон нашата земја во процесот на Македонија кој што ни претстои, рече премиерот.