Home Актуелно Трамп ја откажа американската делегација на Светскиот економски форум во Давос

Трамп ја откажа американската делегација на Светскиот економски форум во Давос

Американските претставници од администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да присуствуваат на Светскиот економски форум во Давос кој ќе се одржи од 22 до 25 јануари, откако Трамп најави дека нема да присуствува на овој самит. Откажувањето на учеството е само дел од контекстот во кој се одложени многу патувања на разни делегации поради делумната блокада на американската влада.

Претседателот Доналд Трамп неодамна објави дека нема да патува во Давос, а во четвртокот објави дека го откажал патувањето и за остатокот од делегацијата на САД на настанот.

„Од почит кон 800.000 прекрасни американски работници кои не добиваат плата и за да ги увери дека неговиот тим може да помогне кога е потребно, претседателот Трамп ја откажа посетата на делегацијата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија”, рече секретарот за печат на Белата куќа, Сара Сандерс, доцна во четвртокот.

Најавата дојде само неколку часа откако Трамп го откажа патувањето на делегација на демократите на Блискиот Исток, која требаше да замине од четвртокот попладне.

Извор: Макфакс

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…