Home Актуелно Трамп ги повлекува САД од Парискиот договор за климатски промени

Трамп ги повлекува САД од Парискиот договор за климатски промени

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе се повлекуваат од Парискиот договор за борба против климатските промени од 2015. година.

Излегуваме. За да ја оствариме желбата за заштита на Америка и нашите граѓани, САД ќе се повлечат од Парискиот договор за климата, изјави Трамп, додавајќи дека ќе влезат во процес на преговори за повторно влегување под нови услови кои би биле фер кон САД, бизнисите, работниците, граѓаните и даночните обврзници.

Со повлекувањето на САД, тие се приклучуваат на Сирија и Никарагва како единствени земји кои што не се приклучени на овој договор.

САД беше 195. земја која што се приклучи на договорот во 2015. додека претседател беше Барак Обама.

Според договорот, САД се обврзаа да ги намалат штетните емисии за 26 до 28 отсто од нивото во 2005. година до 2025.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…